Во чест на Џејмс Тарел и режисерот Алехандро Гонзалез Ињариту се одржа гала-вечер во Музејот за уметност на Лос Анџелес.
Свеченоста привлече многу холивудски ѕвезди кои се ангажираа за собирање парични средства за финансирање на дејностите на музејот.
Настанот е поддржан од Гучи, па најголем дел од славните личности се појавија на тиркизниот тепих во креации токму од оваа популарна италијанска модна куќа.
Погледнете како изгледаа дамите и оценете го нивниот стил.
Наоми Кембел зачекори во бежова креација од високата мода на Живанши. 45-годишниот модел беше фотографиран и со дизајнерот Рикардо Тиши од познатиот француски бренд.
Селма Хајек избра креација од Гучи која ѝ ја акцентираше тенката половина и ги истакнуваше нејзините бујни гради. Таа присуствуваше на забавата заедно со својот сопруг Франсоа-Анри Пино.
Кели Рорбак, сегашната девојка на Леонардо Дикаприо, се појави во црно-бел фустан од Давид Кома и сандали од Џими Чу.
Рис Витерспун за свеченоста носеше едноставен црн долг фустан од колекцијата пролет 2016 на Брендон Максвел.