На свеченост во Музејот за уметност на Лос Анџелес, Ким Кардашијан изгледаше како да влегува во својата спална соба, а не како да е гостинка на гала-вечер, па доби лавина критики.
35-годишната ѕвезда од „Keeping Up with the Kardashians“ се појави во проѕирна креација од чипка и долга црна наметка од Живанши.
Ким позираше покрај Наоми Кембел и дизајнерот на нивните креации, Рикардо Тиши.
Настанот која ги спојува уметноста и филмот беше посветен на работата на Џејмс Тарел и режисерот Алехандро Гонзалез Ињариту. Благодарение на гостите беа собрани 4 милиони долари за финансирање на дејностите на музејот.
Еден од домаќините беше Леонардо Дикаприо, а меѓу гостите беа и Селма Хајек, Роузи Хантингтон-Вајтли, Гвинет Палтроу и Дакота Џонсон.