JumpFromPaper е уникатен бренд за забавни чанти со дводимензионален изглед. Дизајнерките Чај Су и Рика Лин кога биле мали обожавале цртани филмови и стрипови, а подоцна учеле графички дизајн, па знаат како вешто да комбинираат дводимензионални цртежи и тродимензионални илузии кои го збунуваат мозокот.
„Обожаваме да ги збунуваме луѓето, но уште повеќе сакаме да ги гледаме како се смеат кога ќе сфатат дека тие се вистински чанти“ – велат девојките од Тајпеј.
Првите чанти биле создадени во 2010 година и веднаш биле распродадени. Денес колекциите на младите дизајнерки се продаваат во 25 земји низ светот.