Во екот на тропските летни жештини, Zara ни ги насочува мислите кон следната модна сезона.
Шпанскиот мега бренд ја објави кампањата есен/зима 2017 снимена под фотографската палка на Стивен Мејзел.
Палта со структурирани кореви кои сигнализираат строгост и прецизност, елегантни кошули, фустани и здолништа со женствени карнери и детали инспирирани од викторијанската ера, плетива...
Zara ја објави и кампањата за колекцијата pre-fall, која вклучува поколоритни парчиња за периодот на транзиција кон студените денови.