Отменост и префинетост се испреплетуваат во новата колекција на Escada. Креациите на луксузниот бренд би го завеле погледот на секоја модерна дама.
Инспирирана од американската танчарка Ангела Изадора Данкан, колекцијата плени со класична елеганција и елементи од стилот арт деко.
Даниел Вингејт, креативниот директор на Escada, уште еднаш покажа дека умее да креира мултифункционална облека и дека континуирано се раководи по рецептот „создавај го секое парче облека како да е мафин, толку убаво што таа ќе мора да го поседува“.