Топлото време им даде инспирација на дизајнерите во Converse да направат модификација на популарните „старки“. Познатиот бренд пушти на пазарот „старки“ кои наликуваат на апостолки.
Нестандардниот модел се продава по цена од 40 долари и може да се купи во различни бои.
Додека некои ја ценат креативноста и ги прифатија обувките со воодушевување, други ги оценија како лоша пародија. Во која група сте вие?