Речиси еден век по создавањето, култните патики Чак Тејлор All Star добија нова верзија. Подобрените „старки“, кои се во продажба веќе еден месец, ги мамат сите обожаватели на спортските обувки со препознатлива силуета.
Од Converse соопштија дека во дизајнот има минимални промени, односно дека Чак Тејлор II изгледа мошне слично со својот предок, но фокусот кај новата верзија е поставен на поголема удобност при одењето.
Чак Тејлор II се продаваат во бела, црна, црвена и сина боја. Високите модели чинат 75 долари, додека на етикетата на ниските стои цената 70 долари.
Не ви се допаѓаат промените? И понатаму ќе продолжи производството на оригиналните „старки“, кои опстојуваат на пазарот 98 години, а нивната цена ќе остане непроменета.