Луксузните сандали на „House of Borgezie“ ќе ги освојат жените кои ги сметаат дијамантите за најдобри пријатели.
Декорирани со 1.310 дијаманти, обувките „Princess Constellation“ чинат речиси 250.000 евра.
Сандалите се инспирирани од песната „Diamonds on the Soles of Her Shoes“ на американскиот музичар Пол Сајмон, а се дело на британскиот дизајнер Кристофер Мајкл Шелис. „Тие ќе направат секоја жена да се чувствува како принцеза“ – изјавил тој.
Цели две години биле неопходни за да се финишира самиот дизајн на сандалите, а изработката на еден пар трае три седмици.