Почетна » Новости » Мода » ФОТО/ВИДЕО: Жизел како модел и пејачка за H&M – целосната кампања

ФОТО/ВИДЕО: Жизел како модел и пејачка за H&M – целосната кампања

Жизел Бундхен е лицето и гласот на H&M. Неодамна шведскиот бренд објави неколку промотивни фотографии со кои ја најави новата сезона, но сега во целост е објавена есенската кампања.

Покрај фотографиите направени на улиците на Лондон, H&M и Жизел снимија и краток филм во кој таа ги покажува и своите гласовни способности. 33-годишната газела од модните писти ја препеа „All Day and All of the Night“ од The Kinks.

Жизел за H&M Жизел за H&M Жизел за H&M Жизел за H&M Жизел за H&M Жизел за H&M Жизел за H&M Жизел за H&M

За секое преземање на песната на Жизел од iTunes, H&M ќе донира средства во УНИЦЕФ кои ќе бидат искористени за купување на вакцини за деца.

„Многу сум возбудена што сум заштитно лице на H&M оваа есен. Го обожавам изгледот инспириран од уличниот стил, а истовремено ми се допаѓа тоа што ќе собираме средства за УНИЦЕФ. Се надевам дека сите ќе ја преземат мојата песна“ – изјавила таа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20852 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.