„House of Gucci“ ги освојува филмофилите низ целиот свет, а прикажувањето на драмата за популарната италијанска куќа инстантно ја привлече битолската публика. Вљубениците во филмот од Градот на конзулите со стил нурнаа во филмското остварување на Ридли Скот.
Бројни гости зачекорија на црвениот тепих во фоајето на Центарот за култура пред проекцијата.
Иницијативата да им се оддаде почит на модната и филмската уметност потекна од бутиците Ермитаж и Xenix и беше со радост прифатена од нивните клиенти.
„Оваа вечер испадна сосема спонтано, од желбата Битола да го добие стариот сјај и да ја зачуваме традицијата и да докажеме дека сепак Битолчаните беа, се и ќе бидат препознатливи по чувството за естетика, мода, култура и уметност“ – изјави Весна Станковска од „Ермитаж“.
„House of Gucci“ ги следи настаните кои доведоа до убиството на Маурицио Гучи (Адам Драјвер), нарачано од Патриција Реџани (Лејди Гага), која токму затоа е нарекувана и „Црната вдовица“.