Алесандра Амбросио се забавуваше на улиците на Рио де Женеиро за време на снимањето на едиторијал за „Вог“ Бразил.
33-годишниот „ангел“ застана пред фотоапаратот на Елен фон Унверт за едиторијалот „Mais Amor, Por Favor“.
Фотосесијата била направена во сиромашната населба Видигал. „Со задоволство се дружев со жителите, со децата од заедницата Видигал. Овојпат запознав друга страна на Рио која е нова за мене“ – изјавила Амбросио.