Адријана Лима е една од трите музи на Vogue Eyewear. Атрактивната Бразилка застана во фокусот на кампањата пролет/лето 2015.
Фотосесијата е дело на германската фотографка Елен фон Унверт. На разиграните фотографии направени во Бразил, Лима носи различни модели очила.
Индиската актерка Дипика Падуконе и кинеската актерка Лу Шиши ја репризираа својата улога на амбасадори на модниот бренд.
Погледнете и фотографии од снимањето на кампањата со Лима.