Модата се менува со неверојатна брзина, но некои брендови не само што успеваат да го следат динамичното темпо, туку и се чекор понапред. Miss Sixty непрекинато е во склад со динамиката со која пулсира модниот свет и колекција по колекција носи само стилски хитови.
За новата сезона, италијанскиот бренд повторно танцува помеѓу лежерност и современа елеганција. Со новата колекција, со која го одбележува 30-годишното постоење, Miss Sixty си ја зајакнува улогата на фаворит кај вљубеничките во модата.
Бела Хадид, која од минатата сезона е заштитно лице на брендот, е ѕвездата во кампањата и ги интензивира оние „кул вибрации“ што ги оддава колекцијата.
Од фармерки и тексас јакни, до црни фустани кои ќе внесат „безвременска магија“ во вашиот плакар, колекцијата плени со разностраноста. Иако никогаш не ни треба специјален повод за добар шопинг, сепак Miss Sixty со новата колекција го засилува копнежот за подновување, па еве од каде може да започнете:
Опишувајќи ги новите парчиња, брендот порачува: „Палетата е дизајнирана да го извади целиот потенцијал на варијациите на современата женственост, со апсолутни контрасти на црно и бело, деликатни неутрални тонови и силни бои“.
Краткиот точкест фустан со нагласени раменици веќе има долга листа на фанови.
Со синџирчиња, кои се силен тренд и кај облеката и кај аксесоарите, Miss Sixty ги направи повпечатливи новите фармерки, здолништа, па и патики.
Во продолжение уште неколку актуелни предлози:
Видео од кампањата
Многу повеќе есенски модни парчиња од Miss Sixty ќе пронајдете на онлајн продавницата на FashionGroup.