Модна блогерка ги споделува со своите фанови омилените комбинации за студената сезона.
Фреја Килин е позната по беспогрешниот стил кој ѝ помогна да импресионира речиси 600 илјади Instagram корисници. Нејзините стилски авантури започнала да ги споделува во 2013 година, а тие варираат од елегантни до удобни и кежуал.
Модната зависничка која не експериментира со боите се опишува како амбициозна, мотивирана и изморена девојка, а својот стил како класичен и безвременски со наклон кон кул, секојдневен и шик.
„Накратко, обожавам да склопувам безвременски аутфити со модерен шмек“ – вели таа.
Работите без кои Фреја не може да живее се црн блејзер, кожени хеланки, „mom“ џинс и кошула-јакна.