Ања Радиќ победи на изборот за Мис на Србија и се очекува да ја претставува својата татковина на Мис на светот во март.
20-годишната убавица, која е студентка, беше крунисана на настанот за убавина кој се одржа во ресортот Шарм Ел Шеик во Египет. На Instagram, таа им се заблагодари на сите кои ја поддржуваа и вети дека ќе се обиде во најдобро светло да ја претстави Србија во светот.
„Ќе се обидам да го искористам својот мандат на квалитетен начин и да бидам што подобар амбасадор на мојата земја во светот. Пред мене има многу предизвици. Мило ми е што токму јас ќе го претставувам она од кое се водам цел живот, а тоа се вистинските вредности, образованието, хуманоста, нашата традиција и култура на претстојниот натпревар за Мис на светот“ – напиша Ања.
За прва придружничка беше избрана Анела Џановиќ.
Титулата втора придружничка ѝ припадна на Анѓела Букало.
Фотографии и видеа сподели претседателката на „Мис Србија“, Весна де Винча.