Дева Касел за првпат дефилираше на ревија.
16-годишната ќерка на Моника Белучи беше дел од спектакуларното модно шоу на Долче и Габана во Венеција.
Убавата тинејџерка зачекори на модната писта во уникатна волуменозна креација од италијанскиот бренд.
По стапките на мајка си, Дева веќе неколку години соработува со Долче и Габана.
Белучи не пропушти да отпатува во Венеција заедно со ќерка си. Тие беа фотографирани при пристигнувањето во градот и на забава по ревијата.