Започна Миланската недела на модата, а една од првите модни куќи кои ги презентираа новите креации беше токму Долче и Габана.
Мултикултурната историја на Сицилија е преточена во новата колекција на Доменико Долче и Стефано Габана – „Patchwork of Sicily“.
„Со оглед на нашето долгогодишно искуство инспирирано од Сицилија, сакавме да покажеме што сè може да се најде на остров како овој, различните култури кои доминираа, од Шпанците до Арапите и Норманите. Ние цениме сè што ни донесоа и одлучивме да го составиме сето тоа заедно“ – велат талентираните дизајнери.