Оптимизам, ведрина, радост... Ели Сааб ја враќа надежта во светла иднина полна со позитивност со најновата колекција висока мода.
Врвниот дизајнер, препознатлив по раскошните креации створени како за на оскаровски црвен тепих, одушеви во Париз со колекција инспирирана од Рајската градина.
Флорални мотиви, силни бои, комплексни апликации, фасцинантни везови и 3D декорации нè носат на магично патување исполнето со многу елеганција и софистицираност.
„Клиентите сакаат боја – тие сакаат повторно да уживаат во животот по тешките периоди“ – изјавил Сааб.
Ревијата за колекцијата пролет 2022 се одржа во рамките на Париската недела на високата мода.