Biana Shoes е пионер во чевларската индустрија во Македонија, кој од своето основање во 1993 година е посветен на производство на женски чевли за секојдневни прилики и специјални пригоди. Работејќи во чекор со трендовите, следејќи ги желбите на своите потрошувачи, Biana Shoes го креираше својот прв онлајн каталог за зимската колекција 2015/2016.
Kористејќи го социјалниот медиум Facebook како основна платформа, фановите на Biana Shoes гласаа за своите омилени комбинации направени во соработка со познатите македонски блогерки Skopje Casual и Urban Vibe by Miss E. Девојките имаа за задача да креираат модни комбинации со различни модели на чизми, а фановите на Facebook страницата на Biana Shoes гласаа за моделите и комбинациите кои им се допаѓаа најмногу.
По еден месец гласање, фановите го направија својот избор, а конечните резултати можете да ги погледнете тука:
„Им благодариме на сите фанови кои земаа учевство во нашите мини натпревари, како и на блогерките кои беа дел од оваа наша кампања. Продолжуваме да работиме со полна пареа, секогаш да ги задоволиме потребите на нашите верни фанови и љубители на удобните и квалитетни чизми.” вели извршниот директор на Biana Shoes, Ивица Додиќ.
Останете во тек со сите активности на Biana Shoes преку нивната Facebook страница: https://www.facebook.com/BianaShoes/