Почетна » Новости » Мода » Првиот plus-size хрватски модел: „Го сакам своето тело“

Првиот plus-size хрватски модел: „Го сакам своето тело“

Луција Лугомер е првиот „plus-size“ модел од Хрватска. 22-годишната девојка од Загреб, која се пробива во модниот свет со заоблената фигура, вели дека го сака своето тело и се стреми да ги скрши предрасудите.

„Го сакам своето тело какво што е и не ги слушам критиките“ – вели таа.

Луција Лугомер Луција Лугомер Луција Лугомер

Во минатото Луција се измачувала поради ниска самодоверба и се изгладнувала со екстремни диети. Во еден момент завршила и во болница. Сепак, таа научила како да го прифати своето тело и да стане самоуверена, дури и кога позира по долна облека пред камера. „Ми требаше време за да го прифатам моето тело. Како тинејџерка, бев најразвиена, имаше многу шеги на моја сметка и не ми беше лесно. Мажите ми велеа, ако сега изгледаш вака, како ли ќе изгледаш кога ќе имаш 40 години“ – раскажала таа.

Луција Лугомер Луција Лугомер Луција Лугомер

„Добивав многу комплименти дека имам убаво лице и убава коса. Самодовербата ми растеше и така сè почна. Знаев дека не можам да бидам манекенка, но модел - да“ – додала таа.

Луција вели дека целта ѝ е да ги руши предрасудите за женската убавина. „Среќна сум што веќе почнав да ги рушам предрасудите. Сè повеќе полни девојки започнаа да се јавуваат во модни агенции. Треба да се привикнат луѓето на отвореност“ – рекла таа.

Луција Лугомер Луција Лугомер Луција Лугомер Луција Лугомер Луција Лугомер Луција Лугомер Луција Лугомер Луција Лугомер Луција Лугомер

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20883 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.