Почина модната легенда Пјер Карден на 98-годишна возраст. Врвниот дизајнер издишал за последен пат во болница во близина на Париз.
Во соопштението за неговата смрт, семејството на Карден вели: „Сите ние сме горди на неговата силна амбициозност и смелоста која ја покажа низ неговиот живот“.
Карден е роден во Италија во 1922 година. Бегајќи што подалеку од фашизмот кој започнал поинтензивно да се шири во тоа време, тој и неговото семејство се преселиле во Франција во 1924 година. Иако татко му инсистирал да учи архитектура, Пјер отсекогаш се интересирал најмногу за кроење и уште на
Во 1945 година се преселил во Париз, каде по завршувањето на Втората светска војна студирал архитектура и работел во модната куќа „Пакен“. Пред да го основа сопствениот бренд во 1950 година, тој работел и со Елза Скијапарели и во Кристијан Диор.
Светски триумф од почетоците на неговата кариера е „балон фустанот“ (bubble dress), кој се „родил“ во 1954 година.
Инспирирајќи се од геометријата и истражувањето на вселената и стремејќи се кон минимализам, Карден развиваше специфичен стил. Неговите креации во 60-тите и 70-тите години беа зачинети со футуристичка естетика.
Фасцинираноста од геометриските форми го поттикна во 1991 година да ја купи и необичната градба „Bubble Palace“.
Освен што го прошири брендот кон парфеми и козметика, тој во текот на годините имаше многу интереси и стана сопственик на ресторани, хотели, па дури и замок.
Најголеми критики Карден доби за неговата одлука да дава лиценци за продажба на најразлични производи, па така неговото име се најде на секакви модни додатоци, но и предмети како пенкала. Многумина го обвинија дека го „разводнува“ брендот, но тоа се покажа и како профитабилна стратегија, а неговиот бренд се распространи насекаде.