Почетна » Новости » Мода » Поглед во сегашноста и иднината на текстилната индустрија во Македонија

Поглед во сегашноста и иднината на текстилната индустрија во Македонија

Во организација на Текстилно Трговското Здружение – Текстилен кластер од Македонија и во соработка со Моден викенд Скопје и Концепт Моден кластер оваа сабота во домот за Млади во Штип се одржа модниот перформанс наречен „Денови на текстилната индустрија – промоција на младата генерација" во склоп на проект од ИПА пограничната програма Бугарија - Северна Македонија „Модерната текстилна индустрија како привлечна кариера за младите генерации и придонесувач за економски развој и социјален просперитет на прекуграничниот регион јули 2019 - ноември 2020".

Текстилната индустрија во прекуграничниот регион има важна улога за економиите на двете земји, обезбедува значително високи приходи од извоз и придонесува кон одржливо регионално вработување. Индустријата има потенцијал за раст, но нема млада, иновативна и креативна работна сила. Додека текстилните компании значително ги подобруваа условите за работа и ги почитуваат принципите на добра општествена одговорност на компаниите, учениците сеуште не се свесни за тоа и не гледаат во овој сектор потенцијал за идно вработување.

Денови на текстилната индустријаТехнолошко-техничкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев” Штип Денови на текстилната индустријаТехнолошко-техничкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев” Штип Денови на текстилната индустријаТехнолошко-техничкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев” Штип Денови на текстилната индустријаТехнолошко-техничкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев” Штип

Целта на овој настан на кој претходеше посета на производни капацитети од ученици од основните и средните училишта, како и менторска работа со дизајнерката Ирина Тошева, беше да се воспостави соработка меѓу образованието и бизнис секторот во насока на прикажување на потенцијалите на текстилната и модната индустрија кои би ги привлекле учениците по школувањето да станат дел од овие гранки.

„Преку стимулација на креативното изразување на младите ученици и студенти и со голема поддршка на нивните професори, успеавме да развиеме модели кои покажаа дека кај младите постои голем потенцијал за вклучување во текстилниот сектор” - изјави Наташа Сивевска, директор на текстилниот кластер.

Денови на текстилната индустрија„Димитар Мирасчиев“ (Штип) Денови на текстилната индустрија„Димитар Мирасчиев“ (Штип) Денови на текстилната индустрија„Димитар Мирасчиев“ (Штип) Денови на текстилната индустрија„Димитар Мирасчиев“ (Штип) Денови на текстилната индустрија„Димитар Мирасчиев“ (Штип)

На капсулните колекции направени од текстилен отпад работеа ученици од пет средни текстилни училишта: „Димитар Мирасчиев“ (Штип), „Ацо Русковски“ (Берово), „Миле Јаневски Џингар” – (Македонска Каменица), Ванчо Прке“(Виница) и „Методи Митевски-Брицо“(Делчево) и студентите од Технолошко-техничкиот факултет при Универзитетот “Гоце Делчев” (Штип).

Денови на текстилната индустрија„Миле Јаневски Џингар„ - Македонска Каменица Денови на текстилната индустрија„Миле Јаневски Џингар„ - Македонска Каменица Денови на текстилната индустрија„Миле Јаневски Џингар„ - Македонска Каменица

Иницијативата започна во декември 2019,а заврши со модна ревија која се случи оваа сабoта во Штип. За време на настанот гостите можеа да ја погледнат и изложбата на модни скици изработени од учениците, инспирирани од „Современата текстилна индустрија“.

Денови на текстилната индустријаВанчо Прке Виница Денови на текстилната индустријаВанчо Прке Виница Денови на текстилната индустријаВанчо Прке Виница Денови на текстилната индустрија„Ацо Русковски“ - Берово Денови на текстилната индустрија

За квалитетна реализација на настанот активно учество и поддршка дадоа и Домот за Млади во Штип, музичкиот дует „Марија и Горан” кој ја воодушеви публиката со својот перформанс во живо, како и долгогодишниот поддржувач на текстилниот кластер винаријата „Тиквеш“.

Фотографија - Баже Ангеловски

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20830 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.