Почетна » Новости » Мода » Отмена: Принцезата Кетрин плени со грациозност на крунисувањето на Чарлс

Отмена: Принцезата Кетрин плени со грациозност на крунисувањето на Чарлс

Принцезата Кетрин и принцот Вилијам со малите деца присуствуваат на денешната церемонија за крунисување на Чарлс III и неговата сопруга Камила.

На свеченоста во Вестминистерската опатија, Кетрин привлекува погледи со кралска елеганција. 41-годишната припадничка на британското кралско семејство носи фустан од Александар Меквин, модната куќа која беше задолжена за многу нејзини стајлинзи низ годините, меѓу кои и за нејзината венчаница.

На нејзината облека се извезени цветните симболи на четирите нации на Обединетото кралство.

Принцезата Кетрин Принцезата Кетрин

Аутфитот на Кетрин вклучува и накит со сентиментална вредност и цветно венче којешто е соработка помеѓу Александар Меквин и Џес Колет.

Обетките со бисери и дијаманти ѝ припаѓаа на покојната принцеза Дијана, додека огрлицата е изработена во 1950 година по нарачка на Кралот Џорџ VI за неговата ќерка, односно за кралицата Елизабета II.

Принцезата Кетрин

И Кетрин и Вилијам носат церемонијални наметки.

Принцезата Кетрин Принцезата Кетрин Принцезата Кетрин Принцезата Кетрин Принцезата Кетрин Принцезата Кетрин Принцезата Кетрин

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20789 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.