Почетна » Новости » Мода » MAX&Co. прославува една година во Македонија и изненадува со попуст на новата колекција

MAX&Co. прославува една година во Македонија и изненадува со попуст на новата колекција

Познатиот италијански бренд MAX&Co., кој се одликува со оригиналност и динамичност и носи насмевки и на нашите улици, вчера го прослави својот прв роденден кај нас со своите пријатели и клиенти. На настанот беше презентирана и капсулната колекција Eccentric Mania, која е дел од богатата зимска понуда на брендот.

MAX&Co. MAX&Co.

Атрактивната капсулна колекција е креирана во соработка со меѓународниот дизајнер за ентериер Ешли Хикс. Рафинирана и бунтовна, традиционална и модерна, цветови и твид, карирано и пругасто... еклектичната колекција пристигна навреме за празнична сезона!

Девојки и дами со интерес и предизвик за модата, беа собрани на едно место, во продажниот салон во City Mall на 1. Кат, Скопје. Насмевките беа главен стилски додаток, а секоја од нив со својата појава зрачеа со различност, храброст и уникатност. Сето тоа споено во едно име го означува MAX&Co. И притоа, никој не остана рамнодушен.

MAX&Co. MAX&Co. MAX&Co. MAX&Co.

MAX&Co. ќе донесе радост и овој викенд, нудејќи ја колекцијата есен/зима 2021-2022 со попуст од 25%.

MAX&Co. – Дефинитивно е најубавиот рецепт за среќа!

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20800 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.