Почетна » Новости » Мода » Оваа сабота, ги креираме вашите дизајнерски чизми во Timberland!

Оваа сабота, ги креираме вашите дизајнерски чизми во Timberland!

Ако сте од оние вљубените во најкултните жолти чизми на светот, тогаш, оваа сабота имаме настан токму за вас!

Почнувајќи од 11 часот, во продавницата на Timberland во трговскиот центар Сити Мол, ќе се случува вистинско уживање за сите посетители, проследено со неверојатно добри подароци со секоја сметка и супер изненадувања.

Сите посетители имаат можност да ги донесат своите омилени жолти чизми од брендот и истите да бидат уникатно исцртани од одличниот артист Игор Стевковски. Со ова, сите урбани момци и девојки ќе добијат можност да поседуваат уникатно парче со кое ќе остават свој печат во сезоната што доаѓа.

Timberland

Токму последната кампања на Timberland, уште еднаш нè потсетува на важноста на култните жолти чизми во општеството и како истите успеаја од навидум едноставни обувки, да станат икона на стилот за многумина.

Ова го докажува и фактот што токму некои од најголемите артисти во светот се дел од оваа кампања и ја раскажуваат нивната приказна поврзана со култните чизми, каде тие ги однеле во животот и зошто секој треба да поседува барем еден чифт.

Timberland

Сите заедно, споделуваат инспиративни нешта од нивниот живот, нешта што ги движат напред и нешта кои им помагаат да продолжат да создаваат во животот.

„Секој нов ден надвор, наоѓам нешто што ме инспирира да правам нова музика, без разлика дали тоа е некоја ситуација, нов збор, боја, улица... Кога мислам на иднината, денес е првиот ден од мојот живот. Заборави на сè што се случило претходно. Само фокусирај се на следната цел и продолжи да движиш напред“, вели Мејхем Лорен како дел од инспиративните приказни на Timberland.

Timberland Timberland

Токму вакви приказни ќе раскажуваме оваа сабота во продавницата на Timberland каде заедно со нашите пријатели ќе се обидеме да ви приредиме супер попладне проследено со многу подароци на кои знаеме дека ќе се израдувате.

Ве покануваме заедно да го одбереме совршениот чифт чизми за вас, а ние ќе се погрижиме викендот да биде вистинско уживање за вас и целото семејство!

Timberland

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20803 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.