Новата колекција венчаници на Berta ги освојува дамите кои се стремат кон женствен изглед преплетен со модерен гламур.
Невестинските креации кои американскиот бренд ги предлага за сезоната есен/зима 2021 се привлечна комбинација од богати материјали, тродимензионални детали и модерни силуети кои ја истакнуваат женската фигура. Покрај стиловите кои се синоним за брендот, колекцијата „Colony“ нуди и потрадиционални невестински изгледи.
„Оваа колекција има кралска арома која оди длабоко во светот на луксузот и високата мода. Уште еднаш Berta поставува стандард за тоа што навистина е невестинска висока мода“ – вели дизајнерката Берта Балилти.