Жорж Хобеика со прекрасни венчаници ги мами идните невести.
Либанскиот дизајнер креираше колекција која зрачи со елеганција и романтика, а крие и одредена доза на модернизам и софистицираност.
„Спојот на најдобрите ткаенини со најнежните везови придонесува за создавање на невестински изглед со возвишена волшебност“ – пишуваат од модната куќа.