Зухаир Мурад ја презентираше најновата колекција во рамките на Париската недела на модата.
„Патувањето е корисно и ја вежба имагинацијата. Сè останато е разочарување и замор“... Овој вовед на „The Great Beauty“ е инспирацијата на Мурад за колекцијата пролет/лето 2022 година.
„Мурад го замисли ова патување низ Италија во 70-тите години, како отворен музеј кој ја слави културата на егзотизам и естетика“ – пишуваат од брендот.
Едноставни силуети и интригантни детали ја карактеризираат колекцијата која заведува со елеганција и префинетост.