Сестрите Езра и Туба Четин ја одведоа својата креативност и иновативност на едно повисоко ниво. Турските дизајнерки создадоа фустан украсен со 40 вештачки пеперутки кои всушност можат да летаат.
Талентираното дуо соработуваше со американската компанија „Интел“ и со здружени сили го создадоа футуристичкиот фустан наречен „The Butterfly Dress“.
Пеперутките се движат на сензори и се вклучуваат секојпат кога се приближува друга личност или се активираат преку мобилен телефон. „Тоа е интелигентен фустан и е украсен со околу 40 пеперутки. Во фустанот е вграден сензор за близина, кој им овозможува на пеперутките да реагираат на надворешните стимулации“ – изјавила Езра.
„Сакаме да си поигруваме со материјали, дизајни, бои, движења и естетика, но иднината на облеката за која знаеме, ќе се промени. За да се биде дел од таквата промена, потребна е технологија“ – додала Туба.