„Почетокот на самракот“ – вака Ели Сааб ја нарече својата најнова колекција висока мода наменета за сезоната есен/зима 2022-2023.
Инспирирајќи се од небесните бои по гламурозно зајдисонце, либанскиот дизајнер ја истражуваше магичната убавина на розовите и златните нијанси. Но, не беа занемарени ни темните бои кои асоцираат на сенките по паѓањето на мракот.
Комплексните декорации од кристали и мониста ги заведуваа погледите на гостите, динамичното движење на перјата од ноеви го зграпчуваа вниманието, а фасцинантните детали делуваа како хипноза.
Сааб вметна и доза кралска екстравагантност и го финишира шоуто со невестински фустан прекриен со блескави камења.