Со оглед на тоа што најчесто избира сексапилни креации кои ги истакнуваат нејзините облини, Џенифер Лопез ги изненади фановите со стајлингот на доделувањето на Греми наградите.
На црвениот тепих во Лос Анџелес, 49-годишната музичка ѕвезда се појави во бела креација со блескави камења и голем шешир од модната куќа Ралф и Русо.








Џеј Ло беше придружувана од саканиот Алекс Роздригез, а позираше и со Лејди Гага со која носеа исти сандали од Џими Чу.

















Лопез заедно со Мишел Обама, Алиша Кис, Лејди Гага и Џејда Пинкет Смит одржаа говори за моќта на музиката и жените.



Настапот на Лопез на големата сцена беше посветен на 60-годишнината на Motown Records.









