Стилистка ја учи ќерка си како да ја комбинира облеката и заедно создаваат шик модни комбинации.
Видеата и фотосесиите кои Анека ги снима со нејзината ќерка Јасмин секојдневно им носат нови обожаватели на социјалните мрежи Instagram и TikTok. Модерното дуо ја обожава модата и дотерувањето, но омилениот дел на Анека е она што се случува зад сцената – минувањето квалитетно време со ќеркичката во разговори и смеење за нивните грешки.
„Овие моменти уште повеќе нè зближија“ – вели таа.
Watch on TikTok
Покрај тоа што ја учи ќерка си како да ја стилизира облеката и да создава впечатливи модни комбинации, Анека се надева дека ќе инспирира и други личности да бидат самоуверени во она што го носат на себе.
„Бидете она што сте. Никогаш не обрнувајте поголемо внимание на модните трендови отколку на она што ви се допаѓа. Ако не ви се допаѓа некој тренд, нема потреба да се принудувате да го носите“ – советува Анека.



Анека е мајка на три деца.
