Блејк Лајвли и сестра ѝ Робин имаа ретко заедничко излегување.
34-годишната актерка и нејзината 50-годишна сестра ги насочија објективите на фоторепортерите кон себе кога се појавија на ревијата на Мајкл Корс во Њујорк. Блејк ги покажа стомачните мускули во модна комбинација со краток горен дел од Корс.
На црниот тепих, таа позираше заедно со славниот дизајнер.
Модерните сестри ја проследија ревијата на која се презентираше колекцијата за сезоната есен/зима 2022 година.