Кралицата Ранија и кралот Абдула II беа поканети на церемонијата по повод крунисувањето на Чарлс и Камила.
Јорданскиот кралски пар пристигна во Вестминистерската опатија во Лондон заедно со редица внимателно избрани гости, кои со свои очи го проследија официјалното предавање на британската круна.
52-годишната Кралица на Јордан блескаше во едноставна креација во млечно жолта нијанса од Тамара Ралф, складна шапка и бели салонки.
На синоќешниот прием во Бакингемската палата, Ранија се појави во кафеава креација со набори, со кои предниот дел на фустанот наликуваше на корсет. Фустанот е дело на модната куќа Schiaparelli.