Романтиката била главната инспирација за Мајкл Корс при создавањето на колекцијата пролет/лето 2022.
„Да бидам искрен, она што го правам не е за театралности, тоа се алишта кои сакаме луѓето да ги носат. Материјалите се убави, кроевите се убави, а кога има нешто поинтимно, го гледате. Толку е едноставно“ – изјавил американскиот дизајнер.
Ревијата, која се одржа во популарниот ресторан „Tavern on the Green“ во Менхетн, беше отворена од Кендал Џенер, а затворена од Џиџи Хадид. Меѓу многуте модели кои дефилираа под есенското сонце беше и Ирина Шајк.