Почетна » Новости » Мода » Македонскиот дизајнер Папаз ја претстави колекцијата „Три“ со филмски мултимедијален едиторијал

Македонскиот дизајнер Папаз ја претстави колекцијата „Три“ со филмски мултимедијален едиторијал

Маја Андоновска Илијевски, Ангела Ѓоргиева, Бојана Нушкова, Евгенија Ризова и Катерина Кузмановска се петте дами во филмскиот мултимедијален едиторијал за колекцијата „Три“ на модниот дизајнер Папаз.

„Оваа колекција претставува симбиоза на стилови од западни и источни култури, претопени во модна силуета адаптирана на нашето поднебје. Изобилува со елеганција и носливост, вбројува блузони и капути со кимоно и ранглан ракави, здолништа и панталони во широк крој и вечерни фустани. Токму овие пет дами ги избрав да бидат дел од овој мултимедијален едиторијал со една цел, а тоа е моќно да ја пренесат пораката“ – вели Папаз.

Модна колекција на Папаз Модна колекција на Папаз Модна колекција на Папаз Модна колекција на Папаз Модна колекција на Папаз Модна колекција на Папаз Модна колекција на Папаз Модна колекција на Папаз Модна колекција на Папаз Модна колекција на Папаз Модна колекција на Папаз Модна колекција на Папаз Модна колекција на Папаз Модна колекција на Папаз Модна колекција на Папаз Модна колекција на Папаз Модна колекција на Папаз Модна колекција на Папаз

На проектот работеше тим од професионалци: режијата е на Батухан Ибраим, директор на фотографија е Стефан Ѓоргиевски, а музичката подлога е на Димитар Андоновски. Фотограф на проектот е Петар Тасевски, асистент на продукција е Александра Гатовска, асистент на камера е Александар Котевски, додека за светлото се погрижи Никола Ѓоргиевски. Ксенија Вангеловска беше задолжена за шминката, а Ајтен Алиевска за фризурите.

„Целиот едиторијал се снимаше и фотографираше во НУ Народен театар Битола, и би сакал да изразам благодарност до нив, како и до НУ Центар за култура-Битола, ФДУ Скопје и Горан Трпчевски“ – додава Папаз.

Модна колекција на Папаз Модна колекција на Папаз Модна колекција на Папаз Модна колекција на Папаз Модна колекција на Папаз

ВИДЕО

Две од креациите од новата колекција, Маја Андоновска Илијевски носеше на отворањето и затворањето на Филмскиот фестивал „Браќа Манаки“ во Битола.

Маја Андоновска Илијевски Маја Андоновска Илијевски Маја Андоновска Илијевски Маја Андоновска Маја Андоновска Маја Андоновска

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20936 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.