Македонскиот бренд „Ело“ брзо стана еден од омилените детски брендови. Се издвојува по својот квалитет, уникатен дизајн и автентичен принт. Сѐ она што го сакаат децата. Облеката и аксесоарите што се креираат се внимателно избрани и изработени со љубов и внимание, користејќи 100% органски квалитетен памук за децата да се чувствуваат удобно и заштитено.
„Ело“ се стреми да го прошири својот асортиман и да ја ажурира понудата со нови, уникатни модели, кои се скроени според детските желби. Модерните мајки велат дека „Ело“ е вистинско освежување и дека секое купување е брзо и лесно.
За тригодишнината на македонскиот брендот „ЕЛО“, сестрите Маја и Ива во денешното интервју ќе зборуваат за почетоците на брендот „Ело“, идните планови и досегашното искуство.
1. „Ело“ слави три години постоење. Како дојдовте до идеја да го основате брендот?
Брендот ELO. е основан во Септември 2019 година по наше повеќегодишно истражување и наша замисла да создадеме уникатен концепт на детски/бебешки производи од органско потекло со фокус на функсиналнсот, едноставност и практичност. Оваа идеја беше поттикната од нашите реални потреби (како родители на мали деца), го увидовме недостатокот на понуда на уникатни брендови на нашиот пазар и во регионот кои нудат целосна палета на органски детски производи наменети за новата генерација современи потрошувачи. Производи, кои сѐ целосно еколошки и безбедни за користење (произведени од природен органски памук, одгледан без користење на хемиски пестициди и токсични материи), а при тоа сѐ со едноставен, модерен и атрактивен дизајн привлечен за децата (како крајни корисници), но и согласно желбите на родителите (пред сѐ мајките).
2. Со какви предизвици се соочивте на самиот почеток на основањето на брендот?
Преизвиците беа огромни на почетокот од нашата работа. Имајќи предвид дека и двете немавме никакво познавање од текстилната индустрија тоа за нас беше нова материја која ја изучувавме од почеток и секојдневно бевме подложни на ризици овој наш проект да не успее. Од финансирање, набавка на материјали со квалитет кој би ги задоволил нашите стандарди, до изработка согласно нашите барања и увидувања, брендинг, презентација на производите и многу други секојневни активности кој беа предизвик за нас и сеуште се како растеме и се формираме како бренд.
3. Во што пронаоѓате инспирација за креирање детска облека и аксесоари?
Фамилијата за нас е сѐ. Кога се реализирав како мајка, а мојата сестра како тетка, за нас се отвори еден нов свет и добивме сосема друга перспектива за бебешките и детските производи. Нашата фамилија е главен извор и инспирација за формирање на овој бренд и поттик да се бориме секој ден и да создаваме. Кога се роди моето прво дете му беше дијагностициран атописки дерматит, сува и чувствителна кожа склона на чешање и перутање. Оваа состојба ја имаат 15-20% од новороденчињата и ги прати цел живот. Во обид на направам некаква промена и по сеопсежно истажување на оваа тема дојдов до заклучок дека иако не постои лек за атопичен дерматит сепак промена на животниот стил, употреба на производи од органско потекло како во исхраната така и во негата ја подобрува оваа состојба и му помага на моето дете. За жал пред многу години многу малку производи од органско потекло беа достапни на нашиот пазар, и генерално многу производи кои беа достапни на светските пазари а беа наменети за бебиња и мајки кај нас не беа достапни во продажба. Тоа не поттикна да почнема да работиме на креирање на производи кои се практични, наменски и пред се со добар квалитет од органско потекло и се безбедни за чувствителната детска кожа. И со секоја нова колекција се водиме од идејата и мотивацијата да произведеме производи кои ќе бидат поеколошки, попрактични, подостапни, поттикнати од потребите на родителите и децата, за доброто на децата.
4. Што е она што го прави „Ело“ посебен за дечињата?
Нашиот уникатен и урбан стил, минималистички, а сепак доволно разигран и колоритен да не остави рамнодушен ниту еден. Квалитет е уште еден атрибут. ГОТС сетрифициран органски памук е материјалот од кој ги изработуваме најголем дел од производите. Овој стандард е највисок на светско ниво кој гарантира дека материјалот е изработен од памук кој не е третиран со пестициди, не е токсичен, не содржи избелувачи, бои и миризби кои би ја иритирале детската кожа. Во новата колекција воведуваме уште еден одржлив и природен материјал во изработна на производите Lyocell кој се добива со преработка на пулпа од дрво и еднакво издржлив и мек како органскиот памук но е свиленкаст на допир и прозрачен. Овој материјал го користат многу светски брендови во производство на нивните колекции како H&M, Зара, Лулулемон.
5. Што можеме да очекуваме во иднина од „Ело“?
Последнава година напорно работиме ЕЛО да добие интернационална димензија. Плановите за проширување на продажбата ни се сконцентрирани првично на регионот, но и на остатокот од светот. Во план сме да ја прошириме палетата со нови поризводи и да вклучиме во производството нови материјали од природно потекло.
6. За крај, може ли да испратите порака до сите жени-прeтприемачи?
Повремено правете работи за што не се чувствувате спремни да ги направите во моментот. Тој е начинот да созреете и да се изборите независно дали се работи за отпочнување на бизнис или некој друг предизвик. Кога ќе си кажете на себе ова неможам да го направам, а успеете и поминете преку тој предизвик, тоа е моментот кога ќе почнете да сфаќате дека небото е граница.
Со богатиот асортиман на „Ело“ не можете да погрешите.
Сега и вие, со неколку кликања, можете да ја изберете најдобрата облека и аксесоари за вашето дете.
Комерцијален текст