Видни лица од Обединетото Кралство и светот се собраа во Вестминстерската опатија за крунисувањето на Чарлс III.
Новиот Крал ја прекина традицијата стара 900 години која подразбираше на крунисувањето на британски монарх да не присуствува друга крунисана личност. Па така, кралови и кралици од светот беа сведоци на церемонијата.
Кралицата Летиција пристигна во Лондон со својот сопруг, кралот Фелипе.
Синоќа, за приемот во Бакингемската палата, Летиција избра зелена креација од Викторија Бекам, која чини 850 долари.