Викторија Богодист е љубителка на колоритни модни комбинации, а тоа може да се утврди со само еден поглед на нејзиниот Instagram профил.
Модната блогерка предлага стајлинзи за пролетните денови кои ни претстојат, а во секој од нив доминираат ведри бои.
Викторија пораснала во Украина, а пред неколку години се пресели во Рим, каде моментално живее и работи. Таа го основа својот профил во 2020 година и до денес има придобиено 100 илјади следбеници.
„Кога му даваш нешто на светот – ти враќа многу повеќе. Сега имам многу прекрасни луѓе кои ми даваат поддршка секој ден. Тоа е неверојатно и возбудливо и ме мотивира“ – вели таа.
„Живот ме инспирира – патувањето, природата, архитектурата, уметноста, музиката, книгите, луѓето... сè што ми се случува е прекрасно и чудо е што можам да го живеам овој живот“ – додала модната ентузијастка.