Сакате да внесете повеќе боја во вашиот стил? Не сте сигурни како најдобро да ги комбинирате шарените фустани?
Сифат Батија ќе ви одржи скапоцени модни лекции. Австралиската блогерка секојдневно предлага впечатливи стајлинзи, кои лесно го „фаќаат“ окото.
Стилската авантуристка се опишува себеси како „енергичен екстроверт“, а тоа очигледно е одразено во нејзините аутфити.