Replay со новата колекција Rose Label вдахнува живот во розата, безвременски симбол запишан во ДНК-то на брендот. Заштитно лице на колекцијата и протагонистка во новата кампања е атрактивната Ирина Шајк.
На промотивните фотографии, славната Русинка позира со рози и во фармерски модели со впечатлива сатенска етикета на која елегантно е извезена роза.
Фотографиите ги потпишува Џампаоло Згура, кој исто така го режираше промотивното видео во кое Ирина се движи заводливо додека женски глас прашува: „Знаеш дека твојот живот е само сон, нели?“
Бидејќи колекцијата ја воздигнува женственоста, во рамките на кампањата, Шајк зборуваше за моќта на жените. „Секоја жена е секси. Тоа е чувство кое доаѓа однатре кон надвор, тоа е начинот на кој се претставува себеси и каква порака испраќа. Секоја жена е моќна на свој начин“ – вели 35-годишниот модел.
За есенската сезона, италијанскиот бренд препознатлив по негувањето на автентичниот и модерен стил, предлага кежуал парчиња кои молскавично се вклопуваат во ефектни комбинации.
Кај нас Replay облека и модни додатоци можете да си набавите во FashionGroup, а еве само дел од актуелната понуда:
Многу повеќе есенски модни парчиња од Replay ќе пронајдете на онлајн продавницата на FashionGroup.