Иако е позната по беспрекорните стајлинзи, Џенифер Лопез не е имуна на модни грешки.
51-годишната ѕвезда беше фотографирана за време на шопинг со своето семејство, а само што се распространија фотографиите, таа стана мета на критики за модниот избор.
Славната пејачка и актерка беше облечена во „оверсајз“ бела кошула и широки панталони, кои ги искомбинира со рамни чевли.
„Таа конечно носи облека, но ужасна е“, „Тоа е еден од најнеласкавите и најсмешните аутфити“ и „Дали ја носи облеката на Алекс?“ – се дел од коментарите од интернет корисниците.
Џеј Ло пазаруваше со своите близнаци Ема и Макс и двете ќерки на Алекс, Наташа и Ела.