Зухаир Мурад нова инспирација пронајде во циркусот. Либанскиот дизајнер имплементираше детали кои асоцираат на акробати, жонглери, змии, зебри, тигри и кловнови во новата колекција насловена „The Blissful Show“ (Блаженото шоу).
„Воодушевувачкиот свет на циркусот раскажува приказна за смели и инспиративни жени, а самиот живот е живописно колоритен циркус преполн со сложени детали.“
„Оваа зима, нескротливата виталност и безграничната храброст го освојуваат вниманието, бидејќи впечатливите смели силуети го заземаат центарот и го пленат секое око“– пишуваат од модната куќа.