Германската блогерка Фисун Линднер заслужено има армија од обожаватели. Елегантната мајка на две деца непрекинато споделува стилски приказни на блогот Short Stories & Skirts и на Instagram и инспирира дами кои претпочитаат модерен и префинет изглед.
За својот стил, таа вели: „Ако морам да го дефинирам мојот стил, би рекла дека е елегантен, но и отворен за експерименти, но да бидам искрена, преферирам да не категоризирам. За мене, Модата е патување, а Стилот е прогрес. Сè се врти околу тоа да се пронаоѓам и понекогаш да се губам себеси. Пробување и грешење - како и во самиот живот. А токму тоа е и забавниот дел.“
Инспирирајте се за есенските комбинации од стајлинзите на Фисун: