Летото набрзо ќе му ја отстапи „сцената“ на есента, терајќи нè да се насочуваме кон по топли модни комбинации.
Фисун Линдер е модна блогерка која нуди инспирација за преодот од потоплата кон поладната сезона. Стилските приказни на шармантната мајка на две девојчиња ќе ве поттикнат повеќе да експериментирате со изгледот, но и да ја истакнувате вашата женственост.
„Уживам кога сум опкружена со убави нешта и кога ги носам на мене. Моите стајлинзи и модни комбинации се мој начин за комуникација, за изразување на мојата женственост, начин за да се пронајдам, изгубам и откријам себеси. Тоа е патување низ светот на модата“ – вели Фисун.