Почетна » Новости » Мода » „Деветтиот круг“: Новата модна колекција на македонскиот дизајнер Димитар Бабков

„Деветтиот круг“: Новата модна колекција на македонскиот дизајнер Димитар Бабков

Македонскиот дизајнер Димитар Бабков со фотосесија ја претстави својата колекција „Деветтиот круг“.

„Деветтиот круг (ден) е колекција направена со многу емоции. Колекцијата е продолжение на концептот за којшто долго истражувам и работам, а вбројува уште две колекции, Танцот на седумте превези и Осмиот вел” - вели дизајнерот Бабков кој изминатите 5 години активно работеше во модната индустрија, а денес стои зад брендот SON OF SALOME.

Колекција „Деветтиот круг“ Колекција „Деветтиот круг“ Колекција „Деветтиот круг“ Колекција „Деветтиот круг“

Инспирација доаѓа од драмата „Саломе” на Оскар Вајлд, библиска приказна поврзана со погубувањето на Јован Крстител. Со еден танц, младата девојка го добива тоа што го посакува, а тоа е главата на Јован Крстител на сребрен послужавник. Пореметување на основните човечки вредности е главниот акцент и порака на колекцијата, како и целиот концепт на брендот SON OF SALOME. Соголување на човечката внатрешност, емоционална нестабилност, љубов, болка, страв, безличност и животниот циклус, се дел од темите кои се симболично прикажани во колекцијата низ форми, бои и кроеви.

Колекција „Деветтиот круг“ Колекција „Деветтиот круг“

Голем дел од колекцијата вклучува рачна доработка како везени и плетени детали, а дел од ткаенините се од рециклирани материјали.

Колекција „Деветтиот круг“ Колекција „Деветтиот круг“ Колекција „Деветтиот круг“ Колекција „Деветтиот круг“ Колекција „Деветтиот круг“ Колекција „Деветтиот круг“ Колекција „Деветтиот круг“ Колекција „Деветтиот круг“ Колекција „Деветтиот круг“ Колекција „Деветтиот круг“ Колекција „Деветтиот круг“ Колекција „Деветтиот круг“ Колекција „Деветтиот круг“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20815 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.