Женственост, елеганција, умешно склопени стајлинзи, луксузни креации, изострено чувство за стил... Маргарита Целсова несомнено ќе ви остави позитивен впечаток со своите модни комбинации.
Популарната руска дизајнерка и блогерка, која во септември ќе го прослави 30-тиот роденден, е лицето кое стои зад модниот бренд Rita Tesla. Секоја креација дизајнирана од Маргарита се продава само во еден примерок, бидејќи таа верува дека секоја жена заслужува облека која совршено ќе ѝ прилега само нејзе.
Во стилскиот избор таа вклучува модели кои ја „прегрнуваат“ фигурата на телото и кои зрачат со софистицираност, впечатливи капи и шешири, волуменозни очила за сонце и додатоци кои го заробуваат погледот.
Целсова има и една ќерка, 3-годишната Никол.