Едвард Арсуни со новата колекција вечерни фустани ги охрабрува своите клиентки да не се плашат да заблескаат.
Либанскиот дизајнер ја презентираше колекцијата „Hope“ со фотосесија покрај море.
„Во оваа нова колекција, Едвард Арсуни всади доза НАДЕЖ во секој детаљ за да ви овозможи да блеснете и да се чувствувате моќно“ – стои во описот на колекцијата.
Црна, бела и златна боја доминираат во колекцијата.