Почетна » Новости » Мода » „NoWasteMK“: Моден Викенд Скопје креира нова иднина за модата

„NoWasteMK“: Моден Викенд Скопје креира нова иднина за модата

Експеримент со биоразградливи хулахопки, обоени со еко боја од кора од грозје, колекција накит создадена од е-отпад и избор на брендови кои ја отелотворуваат разновидноста на македонското одговорно творештво.

Под слоганот „Beyond the Fields”, од 2 до 3 октомври, Модниот викенд им дава простор за промоција на 30 креативци и нивните дела за време на иницијативниот проект NoWasteMK. Преку шоурум, изложба, експериментална колекција и сет на разговори на тркалезна маса, NoWasteMK ќе истражува и дискутира на теми за одржливост, ќе сподели знаење и ќе ги поттикне потребните промени кон поодржливо опшество и индустрија.

Тоа е всушност визијата и целта на Моден викенд Скопје и Македонската модна асоцијација. Да ја претстави работата на дизајнерите кои ги менуваат правилата на игра во модниот бизнис Стефанија Насеска, Евгенија Зафировска, Хана Зека - Fight or Flight brand, Four Twenty Two, KTN, Son of Salome, Мирјана Јосифоска, Роберт Ивановски, Luna Aditeya, Leap Concept и работата на студентите од Академијата за моден дизајн „Џолев и уметностите“.

моден викендМирјана Јосифоска моден викендKTN

#NoWasteMК е фузија од физички и виртуелни активности, реализирани со грант од Circular Design Assembly, доделен од British Council со фасилитација од Ellen MacArthur Foundation.

Новите колекции од учениците на дваесет и четвртата сезона, ексклузивно ќе бидат претставени на 2 и 3 октомври преку пренос во живона социјалните медиуми на FashionWeekendSkopje, со премиерно прикажување на кратки модни филмовии фотографии. Шоурум со ексклузивни парчиња на истите, како и изложба на накит ACHTUNG BAUSTELLE! изработен со електронски отпад од уметницата Маја Стојковска, се само дел од богатата програма што посетителите ќе ја проследат од 2 до 3 октомври во зградата на Железничката станица во Битола, во клубот Јагода.

моден викендСтефанија Насеска моден викендLuna Aditeya

Придружете им се на експертите, креаторите на иднината, статистичарите, како и на лидерите од приватниот сектор и граѓанското општество на #NoWasteMK, со цел да размениме практично и теоретско знаење за просперитетна визија на кружната економија во модниот бизнис.

На првата тркалезна маса и онлајн дискусија “Circular Fashion and Textiles”, модератор од Текстилна Трговска Асоцијација - Кластер за Текстил заедно со панелисти и учесници ќе дискутираат за проектот Design4Circle и циркуларна економија - Локален контекст, предизвици и можности. Не ја пропуштајте можноста да дебатирате за најновите трендови на циркуларна економија во мерењето, изворите и методите.

моден викендЕвгенија Зафировска

Дискусија на тема "Product design for the environment" на тркалезна маса ќе биде предводена од модната дизајнерка Ирина Тошева и врвни професионалци од креативната индустрија кои ќе презентираат успешни примери за системот на циркуларната економија во земјата и ќе ги елаборираат предизвиците и можностите за нејзиниот развој.

За време на онлајн разговорот „End of Life” со советничката за одржлив развој Шарлот Вандиерендонк и модната дизајнерка во подем Т*МИТРОВСКА, ќе разговараме за создавање нов живот преку редизајнирање и рециклирање.

моден викендLeap Concept

Панел дискусијата "Consumption Reduced: repair & wear" презентирана од претставниците на Fashion Revolution и нивните поканети соговорници ќе ни доближи факти, практики, искуства, корисни совети и предлози за нови можности на делување во насока на намалување на конзумеризмот во модата и поттикнување на циркуларната економија.

моден викендРоберт Ивановски

На 3 октомври во Штип ќе биде прикажан проектот „Кружната економија како модел за решавање на текстилниот отпад во Општина Штип".На овој настан ќе имаме разговор со д-р Игор Јорданов, професор на Технолошко-металуршкиот факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – координатор на проектот и м-р Златко Самарџиев, национален координатор на ГЕФ ПМГ во Република Северна Македонија под модераторство на м-р Дијана Насева, Универзитет Гоце Делчев од Штип, асистент на проектот.

Во вториот дел студентите на Технолошко-техничкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип под менторство на доц. д-р Сања Ристески ќе имаат моден перформанс со моделите добиени од активностите од проектот. За реализација на проектот е употребен отпад од текстилната индустрија како суровина за производство на перници и јоргани.

Општа цел на проектот е намалувањето на текстилниот отпад во општина Штип и употребата на истиот за производи со додадена вредност.

Иницијативата #NoWasteMK ги воочува границите на нашиот сегашен систем, додека презентира нови начини на создавање.

моден викендSon of Salome

Генерален партнер на проект е СН ОСИГУРИТЕЛЕН БРОКЕР АД БИТОЛА, најголем брокер за осигурување во државата.

Екипата што ќе придонесе за успешна реализација на проектот ја сочинуваат: видео и монтажа дело на Ангела Стојковска, фотографија Софи Лазовска од Frozen Time Drops.

Моделите се дел од модната агенција Podium. Убавите фризури им ги овозможи козметичката линија за коса од Revlon Professional и Olaplex, додека за прекрасната шминка се заслужни продуктите за убавина од Farmasi во соработка со Школа за Убавина Арт.

Наш пријател за нега и убавина е француската медицинска козметика URIAGE со линијата за хидратација на кожа URIAGE EAU, која е наменета за секојдневна нега, хигиена и хидратација на кожата.

моден викендМаја Стојковска

За визуелниот имиџ е заслужна графичката дизајнерка Јана Марковска – Do More.

Не заборавајте да се вклучите во шоурумот NoWasteMK од 2 до 3 октомври и бидете сведоци на иднината на модата.

Програма може да погледнете овде

*За време на настанот ќе бидат применети сите мерки и препораки за заштита и превенција од КОВИД-19.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20803 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.