Почетна » Новости » Истражувања » Ќерките на мајки кои работат се поуспешни и заработуваат повеќе

Ќерките на мајки кои работат се поуспешни и заработуваат повеќе

Мајките кои поминуваат долго време далеку од своите деца поради работата конечно можат да воздивнат со олеснување. Ново истражување направено од Школата за бизнис на Харвард покажа дека мајките кои работат надвор од домот израснуваат поуспешни ќерки и погрижливи синови.

Мајка

Во извештајот на Кејтлин Мекгин и нејзините колеги од Харвард се вели дека жените чии мајки работеле надвор од домот е поверојатно да се вработени, да се на повисока позиција и да заработуваат повеќе одошто жените чии мајки не работеле надвор од домот.

Исто така, се покажало дека жените израснати од мајки кои работеле, во просек поминувале повеќе време со своите деца отколку жените кои растеле со мајки кои постојано биле дома.

Истражувањето открило и дека мажите, чии мајки работеле надвор од домот во одреден период од нивното растење, се посклони да помагаат во извршувањето на домашните обврски и во грижата за членовите на семејството.

Во истражувањето учествувале 13.326 жени и 18.152 мажи од 24 развиени земји, а податоците биле собирани во текот на 10 години – од 2002 до 2012 година.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.